ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар
Back
Next
ЈЗУ Психијатриска Болница Демир Хисар е формирана 18.06.1956  
година, а со решение бр.09-2118/2 од од 02.03.2005г. од Министерството за  
здравство на Р.М. е дефинирана како Јавна Здравствена Установа  
Психијатриска Болница Демир Хисар. .
Во почетокот на работењето на болницата работела со две  
организациони единици и тоа: Организациона единица која врши  
здравствена дејност и Организациона единица на заеднички служби.
Во склоп на  Организационата единица која врши здравствена  
дејност спаѓале четири болнички одделенија, болничка аптека, лабораторија  
и кабинет за психодијагностика. Во единицата за заеднички служби спаѓале  
одделение за општи работи, одделение за економско-финансиски работи и  
одделение за технички служби.
Понатамошниот развој на болницата се движи во зголемување на  
болничките капацитети и проширување на здравствената дејност за да до  
1980год. се формираат и интернистичка служба, одделение за   
рехабилитација, ЕЕГ кабинет, кабинет за психодијагностика, клиничка  
лабораторија и одделение за заеднички служби ва здравство.
Подобрување на менталното здравје на пациентите се причината  
поради која постоиме. Во иднина се гледаме како водечка специјална  
болница во регионот, со современа апаратура и стручен и обучен  
тим на доктори и здравствени соработници. Ова ќе го постигнеме  
со:
         - Тежнеење кон воведување на повисоко ниво на квалитет на  
здравствена заштита на лицата кои се со психички нарушувања.
        - Подобрување на животот на лицата со ментални нарушувања.
        -Намалување на влијанието на менталните нарушувања врз  
поединецот , семејството и воедно заедницата.
        - Зголемување на квалитетот и ефикасноста на лекарската  
помош кои овие лица можат да ја добијат и нејзината ефикасност.
         -Подобрување на менталното здравје на популацијата во  
државата воопштено и вклучување на мултидисциплинарен тим во  
третманот на лицата со ментални проблеми  со подеднаква грижа и  
за тие што се хоспитализирани и за тие што се екстрахоспитала, а  
со тоа и нивна побрза и полесна интеграција и ресоцијализација во  
заедницата.
Copyright © 2017 by Psihijatriska bolnica Demir Hisar  ·  All Rights reserved  ·  E-Mail: bolnica@psihijatriskadh.mk