ИСТОРИЈА НА ЈЗУ ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА ДЕМИР ХИСАР

ЈЗУ Психијатриска Болница Демир Хисар е формирана 18.06.1956 година. Со решение бр.09-2118/2 од од 02.03.2005г. од Министерството за  здравство на РМ е дефинирана како Јавна Здравствена Установа Психијатриска Болница Демир Хисар. Во почетокот на работењето на болницата работела со две организациони единици и тоа: Организациона единица која врши здравствена  дејност и Организациона единица на заеднички служби. Во склоп на  Организационата единица која врши здравствена дејност спаѓале четири болнички одделенија, болничка аптека, лабораторија и  кабинет за психодијагностика. Во единицата за заеднички служби спаѓале одделение за општи работи, одделение за економско-финансиски работи и  одделение за технички служби.
Во болницата работеле вкупно 209 вработени, со капацитет од 460 кревети и вкупно лекувани на годишно ниво 741 пациент. Овие податоци се  од 1974год.
Понатамошниот развој на болницата се движи во зголемување на болничките капацитети и проширување на здравствената дејност за да до  1980 година се формираат и интернистичка служба, одделение за  рехабилитација, ЕЕГ кабинет, кабинет за психодијагностика, клиничка лабораторија  и одделение за заеднички служби ва здравство.
Бројот на кревети се зголемува до 500, бројот на вработени достигнува до 262. Понатамошниот развој на болницата ги следи сите текови на  современ психијатриски третман на еден болен и мултидисциплинарен пристап во третманот за да до 1985 година прерасне до установа со 540 кревети и 276 вработени со формирани нови организациони служби со намалување на бројот на кревети на едно одделение и формирање на повеќе  болнички одделенија. Во тој период има девет болнички одделенија и придружни  служби кои значително помагаат во третманот на овие пациенти.  Во понатамошното работење на болницата формирано е и одделение за Алкохолизам и Судско- психијатриско одделение. Бројот на болнички кревети  се зголемува до 560 и бројот на вработени стигнува до 291.
Следејќи ги современите текови на психијатријата и вонинституционалниот третман на психијатриските пациенти и нивна интеграција во  заедницата постепено доаѓа до намалување на болничките кревети за да во 2000год. има 515 кревет, а подоцна се формира и Центарот за Ментално  Здравје во Прилеп. Во 2005 година бројот на болнички кревети изнесува 445, а бројот на вкупно лекувани на годишно ниво достигнува 914 пациенти.  
Понатаму следните години бројот на пациенти се зголемува и достигнува до 1200 пациенти, а бројот на кревети се намалува до 385, а болницата  отвара Дневна болница за психози во Демир Хисар и Дневна Болница за алкохолизам во склоп на одделението за алкохолизам.Се скратува времето на  болнички третман, а се подобрува вонинституционалниот третман и враќање во заедницата.  
Денес, со 256 вработени и 375 болнички кревети како ЈЗУ Психијатриска Болница, со третман на пациенти во амбулантска дејност, болничка  дејност и екстрахоспитала успешно се третираат повеќе од 1200 пациенти на годишно ниво во хоспитален и екстрахоспитален третман и повеќе од 2000  пациенти третирани амбулантски.