ИСТОРИЈАТ

ЈЗУ Психијатриска Болница Демир Хисар е формирана 18.06.1956 година, а со решение бр.09-2118/2 од од 02.03.2005г. од министерството за здравство на Р.М. е дефинирана како Јавна Здравствена Установа
Психијатриска Болница Демир Хисар.


Во почетокот на работењето на болницата работела со две организациони единици и тоа:
Организациона единица која врши здравствена дејност и организациона единица на заеднички служби.
Во склоп на  Организационата единица која врши здравствена дејност
спаѓале четири болнички одделенија, болничка аптека, лабораторија и кабинет за психодијагностика. Во единицата за заеднички служби спаѓале одделение за општи работи, одделение за економско-финансиски работи и одделение за технички служби.
Понатамошниот развој на болницата се движи во зголемување на болничките капацитети и проширување на здравствената дејност за да до 1980год. се формираат и интернистичка служба, одделение
за рехабилитација, ЕЕГ кабинет, кабинет за психодијагностика, клиничка лабораторија и одделение за заеднички служби ва здравство.

ВИЗИЈА

Подобрување на менталното здравје на пациентите се причината  поради која постоиме. Во иднина се гледаме како водечка специјална  болница во регионот, со современа апаратура и стручен и обучен  тим на доктори и здравствени соработници. Ова ќе го постигнеме  со:

– Тежнеење кон воведување на повисоко ниво на квалитет на  здравствена заштита на лицата кои се со психички нарушувања.

 Подобрување на животот на лицата со ментални нарушувања.

-Намалување на влијанието на менталните нарушувања врз  поединецот , семејството и воедно заедницата.

– Зголемување на квалитетот и ефикасноста на лекарската  помош кои овие лица можат да ја добијат и нејзината ефикасност.

-Подобрување на менталното здравје на популацијата во  државата воопштено и вклучување на мултидисциплинарен тим со  третманот на лицата со ментални проблеми  со подеднаква грижа и  за тие што се хоспитализирани и за тие што се екстрахоспитала, а  со тоа и нивна побрза и полесна интеграција и ресоцијализација во  заедницата.